Skip to main content

Директорката на охридските градинки ги негира обвинувањата од социјал-демократите

Директорката на охридските градинки ги негира обвинувањата од социјал-демократите.

 |  Валентина Неловска  | 
gradinka
градинка

Розе Костеска, директорката на охридските градинки ги негира сите обвинувања од социјал-демократите.
Ги посочи сите успеси на градинката во изминатава година и пол. Децидно потенцира дека во градинката се работи според Законските прописи. Демантира дека цената за полудневен престој е зголемена, туку дека се работи за усогласување на законските прописи од 2004 година.
розе
„ Правилникот е објавен во Сл. Весник бр. 78/04 Согласно со Законот за заштита на децата (Сл.весник на Рм. бр. 23/13  советот на основачот, на предлог на Управниот одбор на ЈОУДГ за деца ги утврдува цените согласно наведениот правилник. Оваа цена откако е донесена во 2004 година   не се менува туку се усогласува. Полудневен престој е во траење од 4-6 часа дневно и децата добиваат појадок и ужинка. Ние како градинка сме должни да ги усогласиме цените за престој што паѓа на товар на родителите согласно прописите и тоа го правиме. Управниот одбор донесе одлука и за одлуката е информиран и оснивачот ЛС, па  од тие причини сметавме дека нема потреба да расправа советот“, кажа Костеска.

градинкаЗа користењето на прирачната литература рече дека не е задолжително,  но дека е предвидено со Законот за заштита на деца, во член 173.
 
„На почетокот од школската година на родителите им кажуваме дека е пожелно да се користи литература. На почетокот од оваа  учебна година во септември единствено решение беа од Еду Мак, за разлика од Просветно дело кое во тој период немаше добиено решение за да се користи нивната литература“, напомена Костеска.  

Костеска ги демантира  и обвинувањата за начинот на плаќање на обврските. Родителите потпишуваат Договор со градинката со кој се обврзуваат да го почитуваат истиот. Не е точно дека списоци се објавени на влезот во градинката, туку индивидуално се потсетува секој родител поединчено, водејќи сметка за дискреција, кажа Костеска.

{loadposition content9}