Skip to main content

Истекува рокот, уште 5 дена за воведување ГПРС каса

Сите фирми кои што вршат промет на добра и на услуги за кои плаќањето се врши во готово, а кои досега не ја отпочнале постапката за воведување на ГПРС фискална каса кај некои од овластените производители, имаат уште пет дена до истекот на крајниот рок – 31 Јануари, да ја исполнат законската обврската.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
Лого

фискалнаСите фирми кои што вршат промет на добра и на услуги за кои плаќањето се врши во готово, а кои досега не ја отпочнале постапката за воведување на ГПРС фискална каса кај некои од овластените производители, имаат уште пет дена до истекот на крајниот рок – 31 Јануари, да ја исполнат законската обврската.

Според последните податоци, 38.565 фискални апарати со ГПРС уред успешно се регистрани и поврзани со новиот систем на УЈП за он-лајн следење на готовинските плаќања.
По истекот на рокот, даночните обврзници кои не користат фискален систем на опрема со ГПРС ќе се соочат со глоби кои се движат од 750 евра за физички лица (трговци-поединци) и 3250 евра за правните лица, како и со времена мерка забрана за вршење на дејност во објектот од 30 дена.   

{loadposition content9}