Skip to main content

Охрид домаќин на регионалната конференција „Земјоделски задруги – придвижувачи на промена“

Охрид домаќин на регионалната конференција „Земјоделски задруги – придвижувачи на промена“. Тука сме да ги чуеме искуствата на соседните држави, да размениме искуства, се со цел да го развиеме задругарството како еден од битните предуслови како да се обезбеди квантитативно и квалитативно конкурентно земјоделско производство, што ќе може да се понуди на домашниот и странскиот пазар, истакна министерот Михаил Цветков.

 |  Николоска Биљана  | 

zemjodelieПреку заживување на земјоделските задруги ќе се подобри пласаманот и бенефитот на земјоделските производители во земјава. Ова го истакна  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков на Регионална конференција „Земјоделски задруги – придвижувачи на промена“ која денес и утре се одржува во Охрид. Цветков рече дека нашата земја има многу направено во однос на земјоделските задруги. Тој потсети дека задругарството во РМ се уште е во некој зачеток. За две три години откако е донесен Законот за земјоделски задруги, се формирани 19 задруги, но министерот укажа на потенцијалот од таквиот вид организирање на произведувачите.

„Со здружување на средствата за механизација исто така и здружување на земјоделските површини секако дека овие земјоделци се многу помоќни, така да во правец на придобивките што ги имаат земјоделските задруги е тоа што 90% од апликациите за земјоделска опрема државата ги финансира, на секоја задруга менаџерот ние го плаќаме и одржуваме обуки“ – истакна Цветков.

Драги Памуков од Македонската Асоцијација истакна дека денешните земјоделски здруженија функционираат по нов систем каде самите луѓе и членови одлучуваат за својата иднина и за својата организација.

zemjodelie„За наводнување 70% државата ни плаќа ако склучат со една водна заедница, каде што има систем за наводнување, за осигурување своите производи 80% државата враќа, значи човек кој ќе ги организира, за набавка на репро материјали за продажба на своите производи, значи се тоа се бенефиции не еден земјоделец да трча наваму натаму, туку тој преку еден човек ќе има се“ – вели Памуков.

Претставниците од соседна Србија, сметаат дека ваквите конференции се мошне важни од аспект на тоа што доаѓа до размена на искуства посебно од земјите кои влагоа во ЕУ, како што се Хрватска и Словенија.

„Ги познаваме проблемите од минатото, но и добрите работи кои беа некогаш а се изгубија во трензициониот период, така да овде е прилика да размениме искуства и секако вашите земјоделски здруженија да добијат поддршка и местото кое го заслужуваар. Разговарајќи со колегите и на сите тие состаноци, земјоделскот задругарство се чини дека е турнато во некој агол и се третира како остаток од минатиот систем, некоја комунистичка творба и.т.н, различни погрдни имиња ан задругарството но ние некако сме осудени на тоа“ –  истакна Никола Михаиловиќ претседателот на Здружениот Сојуз од Србија.

zemjodelieМатијаш Подмилшак, претставник на Задружната асоцијација на Словенија, зборуваше за можностите што се нудат за производителите за настап на огромниот европски пазар, но истовремено и на притисоците што ги трпат производителите од регионот од страна на големите компании и веќе етаблираните земјоделски производители од поразвиените економии во ЕУ.

„Разликата е огромна бидејќи земјите од слободниот пазар на цела ЕУ како таков има шанса да настапи на Словенскиот пазар. Така да и ние имаме шанса да ги користиме странските пазари што е добро, бидејќи состојбата е таква, а ние не сме толку препознатливи во ЕУ, тешко се пласираме на туѓите пазари но тоа се покажа дека мора да бидеме што поединствени, здруѓени во задруги за да можеме овој притисок кој го врши економијата, да можат земјоделците да се спротистават на притисоците кои им ги наметнуваат економските промени“ – вели Подмилшак.

На регионалната конференција присуствуваат претставници на асоцијациите на земјоделски задруги од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Албанија, Хрватска и Словенија.  Конференцијата е во организација на Македонската асоцијација на земјоделски задруги.

{loadposition content9}