Skip to main content

Ќе се санира потпорниот ѕид зад Робевци

Годинава конечно ќе се санира потпорниот ѕид зад куќата на Робевци. Како што обелодена директорката на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска, годинава од ресорното министерство добиле повеќе финансиски средества за реализација на неколку значајни проекти меѓу кои покрај потпорниот зид кај Робевци е и јужниот ѕид под сцената Долни Сарај

 |  Николоска Биљана  | 
dolni saraj
долни сарај

dolni sarajОпасната карпа која се наоѓа над музејскиот комплекс Робевци и Лапидариумот во Охрид конечно ќе биде санирана, според најавите на директорката на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска. Неколку години наназад сопствениците на куќите кои се поставени на самата карпа стравуваат дека може да дојде до  лизгање на земјиштето и нов одрон, сличен на оној кој се случи пред 5 години. Во секој момент очекуваме да се отпочне со санација на поторниот ѕид вели Бунташеска.

„Еден од позначајните проекти кој предвидуваме оваа година да биде реализиран претставува потпорниот ѕид зад куќата на Робевци за кој се изработени проекти добиено е конзерваторско одобрение во тек е постапката за добивање решение за градење од страна на Локалната Самоуправа иво најскоро време да помини тендерската процедура и ќе почнме со изведување на тој потпорен ѕид, многу е битен да се заштитат објектите кои што буквално висат на ѕидот и ние самите да си го заштитиме објектот“ – изјави Бунташеска.

dolni sarajГодинава на листата значајни проекти се најде и санација, конзервација на јужните ѕидови под Долни Сарај за што охридскиот Завод и музеј има изработено проект, кој е одобрен, поминат на стручна контрола. Бунташеска вели дека со тоа ќе се заштити просторот, кој во моментов е во многу лоша состојба и дури постои опасност за луѓето што поминуваат тука.

„Ќе се преземат конзерваторски активности и на ѕидот под летната сцена Долни Сарај . Знаете дека имаше реакции од граѓани, меѓутоа ние баш во зимскиот период не можевме да реагираме, еве сега добивме финансиски средства и тие оштетувања ќе бидат санирани“-вели Бунташеска.

Според најавите на Бунташеска оваа година охридскиот  Завод и Музеј добил повеќе финансиски средства од Министерството за култура, со што расте веројатноста овие долгонајавувани проекти конечно да бидат реализирани.

{loadposition content9}