Skip to main content

На локалитетот Плаошник ќе никнат зацртаните објекти

Опозиционите советници останале без информација за реализација на урбанистичкиот план кај локалитетот Плаошник, како што обвини Дејан Блажески советникот на ЛДП на денешната седница. А директорката на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска убедува дека она што се гради на Плаошник нема да ја наруши автентичноста на локалитетот.

 |  Николоска Биљана  | 
sednica plaosnik
седница плаошник

sednica plaosnikПредлог Заклучок за усвојување на Информацијата за реализацијата на деталниот урбанистички план кај локалитетот Плаошник отвори широка дебата помеѓу охридските советници на денешната 38 седница на Совет. Дејан Блажески советникот на ЛДП обвини дека освен политичко експозе на градоначалникот не виделе никаква релевантна информација за Плаошник и како сето тоа ќе се одрази врз Охрид.

„Почитувани видовте дека безидејни се, видовте дека зборуваат дека возобновуваат нешто а напротив градат гротескни градби, видовте дека манипулираат со најниските чуства на луѓето а тоа се верските моменти и објаснуваат кој бил против, за или црква. Повторно останувам на прашањето кој гради на Плаошник од аспект дека Охрид никако не смее да си дозволи да го изгуби својот автентичен лик а ние како нормативна власт како чувари на имотот на овој град треба да продолжиме да го чуваме“ – вели Блажески.

sednica plaosnikСоветникот Јован Стојаноски побара информација колку ќе чини комплетната финансиска конструкција на проектот за локлитетот Плаошник.

„Вие дадовте дека во фаза на карабина тоа би коштало 17 милиони денари, колку е вкупната инвестиција? Не е убаво да се караме кога станува збор за ваковско, црковно место, место кое што не само од значење на православните христијани туку и на муслиманите не е убо да се караме меѓутоа некои работи сакавме да ги дознаеме, како ќе изгледа, што ќе содржи и што е најважно од се колку ќе чини сето тоа. Значи колку ќе не чини нас како граѓани, со оглед на тоа дека отприлика некаде околу 1 милион евра општина Охрид се откажала од комуналиите, тое е значаен дел на буџетот и на претходниот градоначалник и на сегашниот“– истакна Стојаноски

Директорката на Завод и Музеј Тања Паскали Бунташески пред советниците ги елаборираше хронолошките настани во врска со изградбата и целокупниот тек на изградба на локалитет Плаошник.

 „Она што се гради на Плаошник нема да ја наруши ниту автентичноста, ниту силуетата, ниту визурата на Плаошник. На Плаошник се направени опсежни археолошки истражувања каде е истражена целата површина сите слоеви формиран е одбор кој што направил проектна програма изработени се проекти по сите законски прописи“.   

sednica plaosnikЈа разбирам вашата потреба за политички маркетинг што е неоспоро и загарантирано право меѓутоа добро е да се користиме со факти и аргументи, нагласи градоначалникот Никола Бакрачески. На коментарите од советниците во врска со актуелните рушења на објекти на крајбрежјето од албанска страна во споредба со се поинтензивната урбанизација од македонска страна градоначалникот со коментар.

 „Овде слушнавме дека во Албанија се рушеле куќи затоа што тоа било препорака на УНЕСКО, не е тоа препорака на УНЕСКО, бидејќи сум личен пријател на градоначалникот на Поградец, туку затоа што се дивоградби изградени без одобрение за градба и без планска документација. Изгледот на Плаошник кој ќе ја добие конечната верзија бил договорен на почетокот со една конструкција на градба и дека конечниот изглед ќе добие сосема друга форма“. -истакна Бакрачески.

Градоначалникот Бакрачески рече да почекаме времето да покаже дали градбата на комплексот Плаошник е оправдана или не кога ќе биде завршена и кога за тоа ќе се изјаснат граѓаните на Македонија и сите оние кои ќе го посетат Плаошник.

{loadposition content9}