Skip to main content

Солзите на Стивен Жерар беа поради датумот

Тагата поради две работи трае 25 години

 |  инфодеск  | 

Откако судијата отсвири крај на Енфилд, а стадионот падна во масовна еуфорија поради победата над Манчестер Сити, пет кола пред крајот на првенството, Стивен Жерар не можеше да ги задржи солзите. Ливерпул е на прагот за освојување на титулата по 1990 година кога беше уверливо најголем клуб во Англија.

Само една година пред тоа (1989) се случи најголемата трагедија во историјата на фудбалот во Англија и затоа тие години се важни за овој клуб. 96 навивачи на црвените загинаа на стадионот Хилсборо во Шефилд на 15 април 1989 година во полуфиналето на ФА купот со Нотингем Форест.

Англиските власти и медиуми веднаш се нафрлија тогаш на навивачите на Ливерпул кои само четири години порано предизвикаа нереди во финалето на Европските шампиони на Хејсел во Брисел против Јувентус, каде загинаа 39 навивачи, воглавно на Јувентус. Во 80-тите токму Ливерпул ги имаа најжестоките навивачи наречени хулигани и затоа локалната полиција во Шефилд веднаш ги обвини нив за трагедијата во Шефилд.

Но, брзо јавноста разбра дека овој пат хулиганите не се виновни. Тоа го покажа и фамозниот изветај наречен Тејлоров извештај. Борбата на навивачите трае и ден денес. Лошата полициска контрола и неправилни проценки на тогашниот шеф на полицијата доведоа до трагедијата во која навивачите на трибината се прегазија сами себеси.

Најмладиот загинат од 96 навивачи беше 10 годишниот Џон Пол Гилоли близок роднина на Стивен Жерар.. Токму неговата смрт ја одредило кариерата на легендарниот капитен Стивен Жерар кој сметал дека ако го напушти Енфилд ќе го предаде малиот Џон Пол.

„Причината за моите емоции после победата над Сити е токму поради датумот. Оваа седмица секоја година е повеќе од фудбал за сите луѓе поврзани со Ливерпул“, изјавил Жерар.

Цела британска јавност е длабоко поврзана со оваа несреќна приказна и тоа е можеби една од причините што неутралните навивачи посакуваат токму Ливерпул и неговиот капитен Стиви-Џ да ја освои титулата оваа година. Тоа би била филмска сторија…

{loadposition content9}