Skip to main content

Завршен лигашкиот дел во НБА

Индијана, најуспешна на исток а Сан Антонио на запад

 |  инфодеск  | 

Индијана, најуспешниот тим во источната конференција, во четвртфиналето ќе игра против Атланта, додека лидерот на западната конференција ќе ги одмери силите со Далас.

Сите серии, од четвртфинелото до финалните натпревари по конференции ќе се играат на четири добиени натпревари.

Двојките за четвртфиналните натпревари во плејофот се:

Источна конференција

Индијана (1) – Атланта (8)

Мајами (2) – Шарлот (7)

Торонто (3) – Бруклин (6)

Чикаго (4) – Вашингтон (5)

Западна конференција

Сан Антонио (1) – Далас (8)

Оклахома (2) – Мемфис (7)

Л.А. Клиперс (3) – Голден Стејт (6)

Хјустон (4) – Портланд (5)