Skip to main content

Судски налог среде натпревар

Несекојдневна ситуација во фудбалот

 |  инфодеск  | 

Несекојдневна ситуација се случила во петокот, во 1 коло од втората бразилска лига. Фудбалерите на Португеза го напуштиле теренот во 16 минута од натпреварот бидејќи добиле судски налог со кој треба да бидат вратени во првата лига.

Да се потсетиме, по завршувањето на минатата сезона на Серија А, дисциплинската комисија на Бразилскиот спортски суд му одзеде 4 бода на Португеза која во последното коло против Гремио користела играч кој не ја одработил суспензијата. Клубот со самото тоа автоматски паднал на 17 место и испаднал од лигата.

Португеза продолжила по цивилните судови да ја бара својата правда и конечно тоа им успеало и во петокот, во првото коло од Серија Б, во 16 минута од натпреварот се појавил судски службеник со одлуката која ја поништува првата пресуда за одземање бодови. Играчите на Португеза во истиот момент го напуштиле теренот, иако делегатот барал натпреварот да се доигра. Но од клубот само му порачале дека само ја почитуваат судската одлука.

Бразилскиот фудбалски сојуз, меѓутоа, објавил дека судијата кој ја донел таа одлука немал јурисдикција над овој случај и дека фудбалерите на Португеза морале да го продолжат натпреварот, па сега им следи одземање на бодови.

Оваа комплетна конфузија го доведува во прашање и почетокот на првенството во Серија А. Ако се покаже дека судската одлука сепак има јурисдикција, прашање ќе е како да ја вратат Португеза назад во Серија А и дали некој друг ќе испадне од лигата.

{loadposition content9}