Skip to main content

„Во голема мерка го почитуваме Флензбург“

Вардарци вечерва во борба за добар резултат во Германија

 |  инфодеск  | 

Вардарци веќе се во Германија, каде што ги одработуваат последните тренинзи во пресрет на првиот четвртфинален натпревар против Флензбург, кој што е закажан за денес од 19.00 часот. Средниот бек во “црвено-црниот” состав Игор Карачиќ смета дека дуелот со Флензбург ќе биде сосема поразличен од тој против Хамбург, пред се поради начинот на игра на двете екипи.

Ние во голема мерка го почитуваме Флензбург, кој првенствено е навистина добро координиран тим, предводен од својот тренер Љубомир Врањеш. Хамбург беше индивидуално посилен тим и против нив така и се подготвувавме, со цел да затвориме одредени поединци. Но, против Фленсбург ќе биде потешко, затоа што треба да се разбие нивниот систем на игра. Андерсон на голот, Карлсон во одбраната , Могенсен, Вајнхол и Гландорф на бековските позиции, Егерт и Хансен на крилните позиции. Тоа доволно покажува дека ќе имаме 120 минути, исполнети со страшно добар ракомет”.

Според Карачиќ, добрата форма во која што се наоѓа Вардар во овој период од годината, најавува позитивен резултат во пресрет на реваншот во Скопје.

Вардар од натпревар во натпревар покажува дека е во добра форма и ќе биде интересно да видиме колку далеку можеме да отидеме со една ваква игра. Сите во екипата се оптимисти и со нетрпение очекуваме да започне натпреварот. Нашата цел е во Скопје да се вратиме со позитивен резултат, со што заедно со нашата верна публика ќе се обидеме да обезбедиме пласман на завршниот турнир” – изјави Карачаиќ.

{loadposition content9}