Skip to main content

Тренерски ѕвезди во лов на големото финале

40 години чекаат за ваков сон

 |  инфодеск  | 

Двете најдобри одбранбени екипи во Шпанија и Англија ќе се сретнат вечерва во првото полуфинале од Лигата на шампиони кое ќе се одигра во Мадрид со почеток во 20.45 часот.

Тренерот на Атлетико, Аргентинецот Диего Симеоне, се надева дека неговата екипа вечерва ќе биде во состојба да ги прикрие своите слабости и да ги искористи своите предности и на тој начин да избори поволен резултат за реваншот во Лондон кај Челзи. За Атлетико ова би било сон кој го чекаат 40 години.

“Ние и Челзи не сме исти екипи, но делиме слични особини и сличен стил на игра. И ние и тие играме добра одбрана, најдобри во нашите лиги, а напред сме конкретни и опасни. Токму тие квалитети не доведоа до овде кај што сме – на чекор до финалето на Лигата на шампиони. Засега сме тука каде што сме и сето тоа е прекрасно, меѓутоа најтешките битки следат, бидејќи рака на срце, ниту ние, ниту тие, ништо немаме освоено сеуште оваа сезона. Треба да сочекаме и сите заедно да можеме да оцениме дека сезоната била успешна”, рекол во најавата на средбата Симеоне и додал:

“Ние добро ги знаеме своите предности и своите слабости. Јас тоа го знам а и моите играчи што ние вечерва треба да направиме, а тоа е клуч за успехот и за поминување во финалето да го направиме тоа што најдобро го знаеме. Значи, нема тука многу филозофија, колку и да е тешко ние мораме по секоја цена да наметнеме своја игра и свој ритам од самиот почеток, и ако во тоа успееме тогаш имаме големи шанси” заклучил Аргентинецот.

Од  друга страна, Португалецот Жозе Мурињо вакви натпревари има безброј во својата кариера, а е рекордер во одиграни полуфиналиња во Лигата на шампиони. Со самото тоа неговите изјави воочи мечот биле помирни и посталожени.

“Немојте да ме прашувате за квалитетите на нашиот противник. Јас тој дел го одработив со моите играчи. Секој тим кој се пласирал олку далеку во најелитното натпреварување заслужува респект, затоа што до овде не се доаѓа случајно. Ние ги почитуваме, ние ги анализиравме, но не се плашиме”, краток бил контроверзниот Португалец, но сепак се надоврзал:

“Многумина во Англија рекоа дека сме имале среќа со ждрепката и дека сме го добиле најлесниот противник. Јас со тоа не се сложувам. Таквите изјави се глупости и тие можат да ги искажат само фудбалски аналфабети. Луѓе, па тој Атлетико со месеци не ја испушта првата позиција во Шпанија и на најдобра пат е да стане шампион таму. Пред еден Реал и една Барселона. Зарем таков противник е лесен? Тие се извонредна екипа и тоа е крај на приказната”, заклучил Мурињо.

{loadposition content9}