Skip to main content

Мурињо пратил порака до челниците на Челзи

Полуфиналето досадно, но прес конференцијата интересна

 |  инфодеск  | 

По бункерот над сите бункери со кој Мурињо повторно се претстави на светот, на пресот бил многу поактивен.

“Чудесно го запревме Атлетико. Сакавме да победиме со 5-0, но не одеше”, рекол Мурињо за натпреварот во кој Атлетико имаше дури 26 удари на гол.

Некои ќе речат дека Мадриѓаните не створија ниту една чиста прилика за гол, но дали е можно да се создаде прилика кога противникот се брани со 10 играчи. Како било, Мурињо веќе почнал психички да ги припрема своите играчи за возвратниот натпревар.

“Ќе го играме натпреварот на животот, за нас тоа е финале пред финалето. Ќе се бориме до крај”, додал Португалецот.

Челзи во недела го игра големото дерби на Енфилд кои многумина на островото тој натпревар го прогласија за натпревар за шампион на Англија. Плавите со победа опасно би го загрозиле Ливерпул кој се надева на титула по 24 години. Но сепак се чини дека Хозе Мурињо се предал.

“Ако се прашувам, јас би играл со резервен тим, со играчи кои нема да играат против Атлетико. Но, одлуката е на челниците на клубот”, порачал Мурињо.

{loadposition content9}