Skip to main content

Фудбалската правда е задоволена

Сензација во Глазгов, Марибор го нокаутира Селтик

 |  инфодеск  | 

Фудбалерите на Зенит, Порто, Марибор, Апоел и Бате Борисов изборија пласман во фудбалската Лига на шампиони.

Најголемото изненадување на вечерта го приредија фудбалерите на Марибор кои во Глазгов победија со 1-0 и по 1-1 во првиот натпревар изборија вкупна победа и пласман во Лигата на шампиони. Со тоа е задоволена фудбалската неправда со која административно беше елиминирана Легија од Варшава од истиот анемичен Селтик, иако Легија на терен го потопи со вкупен резултат од 6-1. Голот на одлука го постигна Бразилецот Таварес во 75 минута и така Марибор по втор пат во историјата се пласира во елитното натпреварување на стариот континент. Последен пат тоа се случи пред 14 години.

Апоел во Никозија го декласира Алборг од Данска со 4-0 и по данските 1-1, Апоел заслужено е во Лигата на шампиони. Стрелци за кипарскиот состав беа Виничиус (28), ДеВиченти (43), Алонефтис (64) и Шеридан (75).

Порто во возвратниот натпревар го совлада Лил со 2-0 со што ја потврди победата од првиот натпревар од 1-0 во Франција. Стрелци за Порто беа Брахими (49) и Џексон Мартинез (69).

Бате Борисов го победи Слован од Братислава со 3-0 што беше доволно за подвиг на белорускиот првак. Головите кои Бате го однесоа во Лигата на шампиони ги постигнаа Гордејчук (41), Кривец (84) и Родионов (85). Слован од 79 минута остана со играч помалку бидејќи беше исклучен Сумах.

Зенит во елитното друштво влезе со две победи над белгиски Стандард. По 1-0 во Белгија, Зенит во возвратниот натпревар го декласира Стандард и го совлада уште еднаш, овојпат со 3-0. Головите за рускиот првак ги постигнаа Рондон (30) и Хулк (54, и 58). Од 44 минута Зенит играше без Фајзулин кој беше исклучен, а пред крајот на мечот црвен картон доби и стоперот на Стандард Фати.

Денес на распоред се возвратните пет средби, по кои ќе се комплетира списокот на сите учесници во овогодинешното натпреварување по групи во Лигата на шампиони. Денес се среќаваат Арсенал – Бешикташ (0-0), Атлетик Билбао – Наполи (1-1), Баер Леверкузен – Копенхаген (3-2), Малме – Салзбург (1-2) и Лудогорец – Стеауа (0-1).

Директен пласман во ЛШ изборија Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Баерн, Борусија Дортмунд, Шалке 04, Манчестер Сити, Ливерпул, Челзи, Јувентус, Рома, ПСЖ, Монако, Бенфика, Спортинг, Шахтјор, Базел, Олимпијакос, ЦСКА, Ајакс, Галата Сарај и Андерлехт.

{loadposition content9}