Skip to main content

Најголемата ѕвезда на Реал Мадрид пред клучна одлука

Енигма околу здравјето на Кристијано Роналдо

 |  инфодеск  | 

Спрема информациите на мадридските медиуми пред дербито со Атлетико, Кристијано Роналдо, сигурно ќе настапи против градскиот ривал. Португалецот наводно го одработил тренингот со полн интензитет и спремен го очекува натпреварот со Атлетико.

Имено. Ситуацијата со здравјето на Роналдо е многу енигматична, некои аналитичари во Шпанија се сомневаат дека е спремен за најголеми физички напори. Тој веќе подолго време има проблем со воспаление на тетивата на коленото од левата нога (пателарен тендинитис), поради што не настапи за репрезентацијата на Португалија во квалификацискиот натпревар со Албанија, кој изненадувачки Португалците го загубија на свој терен а селекторот Бенто доби отказ.

Најдобриот играч на Реал наводно се опоравил по двенеделниот одмор, но тие прогнози треба да се земат со доза на резерва, бидејќи се пишуваше дека е Роналдо во соршена состојба и по освојување на Суперкупот но излезе дека не било така.

Роналдо имаше големи проблеми во завршницата на минатата сезона со коленото и мускулите, лекарите му советуваа одмор, но тој не сакаше да го пропушти финалето од Лигата на шампиони и настапот на Светското првенство. По тие настани неколку недели одмараше за да биде спремен за новата сезона, меѓутоа на стартот од сезоната старите проблеми повторно се вратија. Некои експерти тврдат дека нему му е потребен подолг одмор, а некои пак дека ќе мора на операција која ќе го оддалечи од фудбалот најмалку шест месеци, и очигледно е дека најголемата ѕвезда на Реал Мадрид е пред клучна одлука.

Нема сомнежи дека во таков случај повторно ќе излезат на површина приказните за промашената клупска политика за продажбата на Ди Мариа и Чави Алонсо. Флорентино Перез, секако дека сака да го избегне ваквото сценарио па против Атлетико го сака најсилниот состав, бидејќи Реал без Роналдо е конфузен а тоа можеше да се види на Аноета против Реал Сосиедад во претходното коло од шпанското првенство.

{loadposition content9}