Skip to main content

Платини за срамотилакот во Белград

“Замислете дронот да носеше бомба”

 |  инфодеск  | 

Претседателот на Уефа, Мишел Платини, уште еднаш се осврна на случувањата на прекинатиот натпревар Србија – Албанија.

Србија и Албанија ги очекува тешка казна од Уефа. Прашање е само кој ќе помине полошо, а најверојатно Србија бидејќи во неколку години нивните навивачи направија неколку тешки инциденти. Но, Албанците се лажат ако мислат дека ќе поминат неказнето бидејќи изведоа акција која вклучуваше беспилотно летало и екстремистичко знаме на таканаеречената “голема Албанија” која вклучува делови на Црна Гора, Србија, Грција и Македонија.

“Го чекаме извештајот на судиите, делегатот и официјалниот претставник за безбедност, кој беше специјално испратен бидејќи знаевме дека овој натпревар ќе биде од висок ризик. Срамота и опасно е тоа што се случи”, изјавил Мишел Платини за француската телевизија TF1

Србија ќе биде тешко казнета бидејќи на теренот влегоа хулигани и ги тепаа гостинските играчи. Тоа е недопустливо во 21 век. Но, првиот човек на Уефа симптоматично нагласи дека и Албанија ја очекуваат големи проблеми поради опасната акција со беспилотното летало.

“Тоа е тажно и опасно, особено таму каде што постои политичка напнатост. Замислете дронот да носеше бомба, а не знаме”, во лутина изјавил Платини.

Уефа одлуката ќе ја донесе следниот четврток. На Србија најголемиот грев ѝ се припишува за лошата организација, а на Албанците за екстремистичкото знаме, но и за одбивањето да се вратат на терен. 

{loadposition content9}