Skip to main content

Нови правила во фудбалот?

Платини е за воведување нов картон

 |  инфодеск  | 

Претседателот на Уефа изјавил дека го поддржува воведувањето на бел картон.

Имено, белиот картон би го добивале играчите кои приговараат кај судијата, што станува пракса кај многу фудбалери. Белиот картон би значел десет минутен одмор за фудбалерот кој приговарал, но Платини рекол дека во таков случај мора стриктно да се одвојат белиот и жолтиот картон, кој би се добивал исклучително само за прекршок.

Исто така, Французинот сака на тренерите да им овозможи право и на повеќе измени, па така по неговата идеја тренерите би можеле уште на полувреме да направат две измени, а во продолжението уште три. Тоа би значело дека идејата е да се дозволат 5 замени во текот на еден натпревар, а не како досега вкупно три.

{loadposition content9}