Skip to main content

ФИФА одбива да ја објави за јавност истрагата за корупција

ФИФА ја обила жалбата на иследникот Michael Garcia

 |  инфодеск  | 

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја одбила жалбата на иследникот Michael Garcia на извештајот на Етичката комисија, со која Русија и Катар се ослободени од обвиненијата за корупција при изборот за домаќин на светските првенства во 2018 и 2022 година, оценувајќи ја за неприфатлива.

Michael Garcia спроведе опсежна истрага за можни коруптивни работи во процесот на изборот на Русија и Катар за домаќини на светските првенства во 2018 и 2022 година, и објавил извештај на 430 страници кој заврши пред Етичката комисија со која претседавал судијата Hans-Joachim Eckert.

Eckert одлучил понатамошната истрага за тој случај да се запре, поради тоа што спрема неговите наводи извештајот на Garcia не докажал дека се работи за злоупотреба на положба и дека ништо не влијаело на интегритетот на гласањето на извршниот одбор на ФИФА во 2010 година.

Garcia, пак тврди дека неговиот извештај е погрешно протолкуван од страна на судијата Eckart и бара целата содржина на извештајот да се објави, што ФИФА досега одбиваше да го направи.

Комисијата за жалби на ФИФА  утврдила дека одлуката на Eckart не содржи никакво правно обврзување и на него не е можно да се поднесе жалба. “Во извештајот не се споменуваат имиња, а сите изнесени информации биле од општа природа, па со тоа не е нарушено начелото на доверливост”, се заклучува во соопштението на ФИФА.

{loadposition content9}