Skip to main content

Реал и Барселона ќе имаат достоен ривал на долги патеки

Во Пекинг е родена нова сила

 |  инфодеск  | 

Кинескиот мултимилијардер Wang Jianlin стана еден од најголемите поединечни акционери на Атлетико Мадрид, актуелниот шпански првак.

Во Пекинг е роден некој нов Атлетико, истакнуваат шпанските медиуми. Jianlin е новиот сопственик со 20% акции на мадридскиот клуб, а конечниот договор се случил утрово во Пекинг. Кинескиот тајкун, чие богатство се проценува на 25 милијарди долари, до април оваа година ќе вложи во клубот иницијални 45 милиони евра.

Miguel Angel Gil Marin, синот на покојниот Jesus Gil и моменталниот претседател Enrique Cerezo остануваат најголеми поединечни акционери во клубот, Gil Marin со 52%, а Cerezo со нешто повеќе од 20%, додека 5% припаѓаат на фамилијата на Gil, а 3% на помали акционери. Jianlin нема лично да седи во управниот одбор, но ќе делегира лице во кое има најголема доверба.

Атлетико има проблеми со ликвидноста, моментално гради нов стадион, вложувањата во играчи се зголемија и потребна му беше докапитализација.

Челниците на Атлетико во Кина ќе потпишат неколку спонзорски договори со што додатно ќе ги зголеми приходите во следниот период. По освојувањето на титулата во Шпанија и финалето во Лигата на шампиони вредноста на пазарот значително се зголеми и приходите од маркетинг, телевизиските права, влезниците и сѐ што носи новиот стадион ќе го подигнат клубот на поголемо ниво.

Црвено-белите растат од година во година и на добар пат се повторно да застанат до најголемите европски клубови како пред неколку десетлетија. Се чини дека Реал и Барселона повторно ќе имаат достоен ривал во Примера на подолги патеки.

{loadposition content9}