Skip to main content

Славниот италијански прволигаш пред згаснување

Поради финансиската криза откажан е натпреварот со Удинезе

 |  инфодеск  | 

Некогаш славниот италијански клуб кој во три наврати го освојуваше купот на Италија, два пати купот на Уефа и по еднаш суперкупот на Уефа и суперкупот на Италија, се наоѓа пред бакнрот, односно згаснување. Парма должи 100 милиони евра, а поради финансиската криза и долговите мораше овој викенд да го откаже мечот против Удинезе.

Парма не можела да најде средства за плаќање на обезбедувањето и поради тоа не може да го организира мечот спрема правилата на Серија А. Се поставува логично прашање што ќе се случи со тимот доколку не може да организира ниту еден меч до крајот на сезоната.

Со оглед дека Серија А е на половина од сезоната, на Парма ќе ѝ останат досегашните бодови, но секој нареден натпревар кој нема да го одигра ќе биде регистриран со службен резултат 0-3 за противникот. Ако оваа ситуација се случеше во првата половина од сезоната, на Парма ќе ѝ беа одземени сите стекнати бодови.

Голема е веројатноста дека клубот, за кој некогаш играа Хернан Креспо, Лилиан Турам, Томас Бролин, Антонио Бенариво, Фаустино Асприља, Џанфранко Зола, Дино Баџо, Фабио Канаваро, Џанлуиѓи Буфон, и многу други големи имиња, ќе замине во стечај, односно на крајот од сезоната ќе згасне.

{loadposition content9}