Skip to main content

Добри вести од болницата поврзани за Фернандо Алонсо

Поранешниот светски првак сеуште се наоѓа на интензивна нега во болницата во Барселона

 |  инфодеск  | 

Фернандо Алонсо во неделата на патеката во Барселона ја изгуби контролата над својот МекЛарен и со брзина од околу 150 км на час се удри во заштитната ограда при излегувањето на кривината број три. Несреќата се случила околу 12.35 часот, а Алонсо со хеликоптер беше префрлен во болница, а прегледите покажале дека шпанскиот возач претрпел потрес на мозокот.

Иако немал други сериозни повреди, болничката процедура во вакви случаеви налага задржување на пациентот на одделот за интензивна нега, каде Алонсо ќе има и додатни прегледи.

Од таборот на МекЛарен е соопштено дека не постои никаква причина за загриженост и дека Алонсо се чувствува добро.

“Такви несреќи се случуваат на тестирањата. За среќа, тој е добро, но мораше да преноќи во болница поради потресот на мозокот. Автомобилот не претрпел тешки оштетувања, но ударот бил доволно силен за да извршиме детален преглед на менувачката кутија и други делови од моторот”, изјавил техничкиот директор на МекЛарен Ерик Булие.

{loadposition content9}