Skip to main content

Спектакуларни средби во Лигата на шампиони

Одржана е ждрепката за четвртфиналните натпревари во ЛШ во Нион

 |  инфодеск  | 

Како и секогаш кога ќе останат осумте најдобри екипи во Европа, играта на топчињата во кутијата нуди спектакл. Така беше и овој пат.

Амбасадорот на Уефа на овогодишното финале, Карл Хајнц Румениге, прво го извлече ПСЖ и го соочи со големата Барселона.

Од останатите четвртфинални натпревари внимание привлекува големото градско дерби помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

Во останатите два меча нема воопшто да биде помалку спектакуларно а се среќаваат Порто со Баерн и Јувентус со Монако.

Термините за одигрување напрвите средби се на 14 и 15 април, додека возвратните се на 21 и 22 април.

{loadposition content9}