Skip to main content

Светот вечерва ќе биде парализиран

Прашања на кои одговори ќе даваат Роналдо и Меси

 |  инфодеск  | 

Меси и Роналдо уште еднаш ќе понудат одговор на прашањето кој во овој момент е најдобар фудбалер на светот. Аргентинскиот генијалец дефинитивно во оваа средба влегува во подобра форма, но и подобра психичка состојба. Меси во натпреварот влегува по неверојатната партија против Манчестер Сити во Лигата на шампиони, кога ги остави навивачите без здив со својата игра.

Меси повторно се врати на неверојатно фудбалско ниво по неодамнешните критики дека неговата кариера ја започна надолната линија. Но, Аргентинецот моментално го игра најдобриот фудбал во својата кариера.

Од друга страна пак Роналдо на НоуКамп доаѓа, можеби, во најлоша форма откако стигна во Примера во 2009 година. Роналдо оваа година ја отвори со црвен картон кај Кордоба кон крајот на јануари поради удирање на противнички играч. Продолжи со тежок пораз кај Атлетико (0-4), а по поразот приреди незаборавна роденденска забава. Си допушти свирежи од навивачите на Сантијаго Бернабеу, а последната “неподобност” која ја приреди се случи во последната средба против Леванте кога неговиот соиграч Бејл го постигна првиот гол а Роналдо воопшто не го прослави бидејќи беше лут дека неговиот удар беше пренасоченен од страна на Бејл.

Меѓутоа сето тоа треба да се стави на страна. Ова е најголемото дерби, Ел Класико, и во него сѐ е можно. Реал Мадрид имаше цела седмица да се припреми за овој двобој, додека Барселона мораше да го одработи возвратниот натпревар во осмина финалето во Лигата на шампиони во кој славеше против Манчестер Сити.

Ова ќе биде еден од натпреварите во кои ќе победи поквалитетниот напад, а во овој момент напаѓачкото трио Суарез-Нејмар-Меси изгледа далеку поопасно од триото Бејл-Бензема-Роналдо.

Средбата е од големо значење за двете екипи, но истата нема да одлучува за првакот на Шпанија бидејќи остануваат уште 10 кола по Ел Класико и секој кикс може да биде пресуден.

{loadposition content9}