Skip to main content

Главната (не)спортска вест ширум Европа доаѓа од Подгорица

Немили сцени и прекин на натпреварот помеѓу Црна Гора и Русија

 |  инфодеск  | 

Хулиганите уште еднаш целото внимание го свртеа на себе и потполно ја расипаа забавата на сите вистински љубители на фудбалот. Судијата на вчерашната средба дури беше и толерантен, по првите два прекини ги враќаше фудбалерите на терен, но третиот пат и нему му дојде преку глава и средбата е прекината, а домаќинот со сигурност ќе го загуби овој натпревар.

“Ова е најнезгодната ситуација во фудбалот. Немам што да кажам. Најубава слика беше додека се интонираа химните кога се слушаше ракоплескање”, започал селекторот на Русија Фабио Капело и додал: “Мислам дека натпреварот е со право прекинат. Да се прашував јас, натпреварот требаше да е прекинат по првиот прекин. Но, по првиот инцидент судијата настојуваше натпреварот да биде продолжен и ние моравме да играме. Подоцна и сам сфати дека веќе нема смисол”.

Видно вознемирен и разочаран по натпреварот беше и селекторот на Црна Гора, Бранко Брновиќ.

“Се извинувам на сите, не знам што друго би изјавил. Само се надевам дека голманот Акинфеев е добро, беа првите зборови на Брновиќ. “Свесен сум дека овој натпревар ќе го загубиме на зелена маса. Сега веќе немаме шанса за пласман на Еуро. Во соблекувалната видов разочарани играчи и тоа ме чини тажен. Постои група на навивачи кои прават проблеми, додека остатокот на стадионот беше коректен и не можеме да ги ставаме сите во ист кош. Некого го претресуваат до кожа, а некои внесуваат пиротехники на стадионот. Не знам за што се работи”, заклучил Брновиќ.

{loadposition content9}