Skip to main content

Од жртва се претворил во ловец

За однесување во тешки ситуации го научил стаорец

 |  инфодеск  | 

„Во подрумот имаше стаорци. Моите пријатели и јас ги тепавме со стапови. Еднаш пронајдов џиновски стаорец и почнав да го прогонувам се додека не го донесов во еден агол. Немаше повеќе каде да оди и нагло се крена на две нозе и тргна кон мене. Тоа се случи потполно неочекувано и се шокирав. Тој направи пресврт во ситуацијата и сега тој мене ме гонеше. Скокаше по скалилата по мене, но јас бев за миг побрз и пред нос му ја затворив вратата“.

Вака ја прерасакажал својата авантура од детството рускиот претседател Владимир Путин во биографијата „Од прва рака“. Путин вели дека од овој нелагоден настан извлекол неколку поуки. Најважната пуока – кога си натеран во тесно, не допуштај стравот да те парализира. Тоа нека стане извор на твојата храброст, вели Путин. Оваа лекција младиот Путин добро ја утврдил подоцна во училиѓштето за шпијуни.

„Во опасни ситуации човекот мора да биде напнат за да реагира на прикладен начин. Тоа е мошне важно“, истакнува Путин. Не се препуштај на ситуацијата, туку изненади го противникот – исправи се кога противникот ќе помисли дека се предаваш, советува Путин. Бидете будни и верувајте во својата прилика кога другиот е уверен дека победил, истакнува претседателот на Русија.

Рускиот претседател, кој денес му пркоси на западот, истакнува дека многу тешко и понижувачки го доживеал распадот на СССР и дека политички приоритет му бил да го спречи понатамошното распаѓање на руското царство.

„Едно време се надевав дека економскиот раст и развојот на демократските структури ќе го запре процесот на распаѓање. Но животот и праксата покажаа дека не е така“, истакнува Путин. Можеби оваа биографија ќе им послужи на западните земји за подобро да го разберат Владимир Путин.

{loadposition content9}