Skip to main content

Драма во Црно Море

Ситуацијата е напната

 |  инфодеск  | 

Американски брод во Црно Море допловил на 10 април и досега се движел само во меѓународни води во близина на Романија која е членка на Нато. Тие таму одлучиле да покажат малку „мускули“ кон Русија и да дадат поддршка на прозападните власти во Киев, испраќајќи таму неколку воени бродови. Во саботата, спрема АР, Москва пак одлучила да покаже кој е „газдата„ во Црно Море.

Еден руски воен борбен авион од типот Сухој во неколку налети со голема брзина и изразито ниско летање, се приближил до американскиот брод USS Cook. Наводно дошол на само 1 км од бродот и на висина од 150 м продолжил да го надлетува час и половина.

Командантите на USS Cook тоа го разбрале како провокација и кршење на меѓународните договори па по радио врска го предупредиле пилотот да престане да го прави тоа. За среќа на сите, се се завршило без отварање на оган од двете страни.

Функционери од Пентагон на агенцијата АР и соопштиле дека во близина на споменатиот USS Cook има и воен руски брод кој се гледа со голо око, но сметаат дека засега не е премината црвената линија за де сметаат за загрозени.

{loadposition content9}