Skip to main content

Бродолом на траект со 470 патници

Најмалку две лица загинати и 107 се водат за исчезнати

 |  инфодеск  | 

Две лица се загинати, 13 се повредени а 107 се водат за исчезнати во бродоломот на јужнокорејскиот траект на кој биле 470 патници а меѓу нив најмногу средношколци кои патувале на училишен излет.

Замнеикот министер за сигурност и за јавни услуги Lee Gyeong-Og  рекол дека се спасени 368 лица од вкупно 477 колку што биле на траектот. На бродот имало 324 средношколци и 14 професори и 29 членови на екипажот, а траектот перевезувал и 150 автомобили.

“Траектот е скоро потполно под вода”, изјавил министерот.

Во акцијата за спасување учествуваат 18 хеликоптери и 34 воени бродови, спасени се 368 лица, вклучувајќи ги 13 повредени, но бројот на жртвите може да порасне затоа што се старвува дека е голем бројот на исчезнати кои останале заробени во траектот.

Средношколците патувале на излет на островот Jej, познато туристичко место кое го нарекуаваат и како јужнокорејски Хаваи, стотина километри јужно од корејскиот полуостров.

{loadposition content9}