Skip to main content

Нова опција од Фејсбук

Опцијата “nearby friends” делува одвратно

 |  инфодеск  | 

Фејсбук ја лансираше својата нова опција “nearby friends”, која не е задолжителна, а следењето на други луѓе ја крева на сосем ново ниво.

Со паметните телефони секогаш можете да објавите каде сте, ако сакате тоа другите да го знаат, но сега Фејсбук ќе им даде до знаење на вашите пријатели дали се наоѓате блиску до нив во релано време (LIVE). Исто така, ако сте дошле блиску до некој од вашите пријатели, апликацијата ќе ви каже точно каде тој се наоѓа.

Nearby friends. Повлекува GPS податоци од телефонот, и како што велат од Фејсбук, помага да ви открие каде се наоѓа вашиот пријател додека сте во движење.

Ако ја вклучите апликацијата, таа повремено ќе ви јавува локации на вашите пријатели. Сепак имате можност да одлучите кој би можел да види каде се наоѓате, а исто така ќе можете во секој момент да го уклучите или исклучите приказот каде се наоѓате. Тоа значи дека nearby friends работи во две насоки, вашиот пријател кој има вклучен приказ ќе може да види каде се наоѓате и обратно. Фејсбук додал и можнот својата локација да ја споделувате до одредено време.

Опцијата пристигнува на Android и iPhone во САД за неколку седмици, а пдоцна и ширум светот.

{loadposition content9}