Skip to main content

Уапсен капетанот на потонатиот траект

Капетанот на потонатиот траект: „Жал ми е“

 |  инфодеск  | 

Капетанот на јужнокорејскиот траект, при чие превртување загинаа 29 луѓе а 274 исчезнаа, е уапсен, јавила јужнокорејската новинска агенција Yonhap.

Како што јавува агенцијата, на капетанот Lee Joon-seoku (69) му се заканува обвинение од пет точки, вклучувајќи ги занемарување на должноста и кршење на поморскиот закон.

Истражителите порано објавија дека Lee не бил на мостот во времето кога траектот почнал нагло да се наведнува, и дека на кормилото бил офицер од понизок ранг. Налог за апсење е издаден за Lee, офицерот кој бил на кормилото и уште еден член на екипажот кои не ја извршувале својата должност да им помогнат на патниците.

Полицијата го испрашала Lee и тој изразил жалење поради тоа што се случило, и додал со наведната глава дека се извинува на фамилиите на жртвите.

„Дадов инструкции за трасата и накратко отидов во спалната соба, а потоа се случи“, рекол Lee. „ Струјата беше многу силна, температурата на океанот многу ниска и сметав дека без соодветна опрема луѓето не можат да се евакуаираат од траектот и ќе се соочат со многу други потешкотии“, објаснил капетанот Lee зошто не дал веднаш налог за евакуација.

Заменикот директор на училиштето, кој бил заедно со децата на траектот, извршил самоубиство, соопштила полицијата.

Веројатноста дека некој од исчезнатите патници преживеал е многу мала. Во петок е службено објавено дека загинаа 29 лица, 174 се спасени, а 273 се водат како исчезнати.

{loadposition content9}