Skip to main content

Опасност ЕУ да се распадне

Лидерот на социјалистите во ЕУ предупредува

 |  инфодеск  | 

Лидерот на социјалистите во Европскиот парламент Hannes Swoboda, кој по 18 години се повлекува од активната политика, предупредил дека опасноста ЕУ да се распадне ќе се зголеми ако на скорешните европски избори победат националистите.

„Би сакал многу луѓе да размислат за тој скептицизам, првенствено за тоа дали национализмот е навистина алтернатива. Луѓето би морало да ги интересира каква социјална Европа посакуваат и мораат да се свесни дека националистите не носат позитивни резултати, и дека во минатото тоа носело само војни“, рекол Swoboda за порталот на словенечкиот телеком.

„Но кога говориме за опстанокот на ЕУ, тогаш треба да се биде свесен дека во животот ништо не е непроменливо и дека демократијата каква што ја имаме денес е под знак прашање“, додал тој, залагајќи се за промени кои ќе овозможат кохезија и приближување на ЕУ кон луѓето.

Swoboda рекол дека „новата“ Европа би требало во прв ред да воспостави здрава економска политика и да овозможи перспектива за младите.

Мора да се воспостави здрава економска политика која ќе осигура нови работни места и ќе ја намали разликата помеѓу богатите и сиромашните“, рекол Swoboda.

Што се однесува за делувањето на Европскиот парламент, тој рекол дека е горд на неговата улога и за својата, а можело да се направи повеќе.

{loadposition content9}