Skip to main content

“Лајкување” како кривично дело

Закана по слободата на изразување

 |  инфодеск  | 

Корисниците кои лајкуваат или споделуваат содржини на Фејсбук кои се навредливи за монархијата, чинат кривично дело. Ова го изјавил тајландскиот министер за информации Анудит Накорнтап.

Агенцијата АР пренесува дека оваа изјава е последна во низата закани по слободата на изразување во Тајланд, каде на мета на власта се нашле интернет страници кои претставуваат закана за националната сигурност, односно ја критикуваат монархијата.

Министерот за информации вели дека секој кој на овој начин ќе го прекрши законот ќе биде процесуиран, дури и странците и оние кои го користат интернетот надвор од Тајланд.

“Ако странец кликне share или like, тајландското законодавство нема јурисдикција над тоа, но ако постои тужба и тоа лице дојде на Тајланд, таа ќе биде процесуирана”, рекол министерот Накорнтап за Associated Press.

Иако ова некому може да му се чини претерано, но и опозиционата Демократска партија смета дека владата не чини доволно да го заштити угледот на монархијата.

Од оваа партија стигнуваат предлози да се побара од американските власти блокирање на одредени содржини на Јутјуб и Фејсбук.

{loadposition content9}