Skip to main content

Гестикулацијата е повеќе од зборови

Пет вообичаени начини со говор на телото да искажеме чувства

 |  инфодеск  | 

Тоа што луѓето го мислат, чувствуваат или сакаат да го направат, често можеме да го откриеме и без тоа да го кажат, туку само на основа на нивната гестикулација. Потребно е само малку да обрнеме внимание на движењата.

Замрзнато лице и поглед

Ова е еден говор на телото кој би можел да навести опасност. Кога зборувемае за оваа гримаса имаме на ум средба со моќен предатор и во тој момент реакцијата е вкочанување а се среќава во моменти на опасност во сообраќајот или кога ќе се чуе истрел од огнено оружје.

Овој говор на телото односно на лицето се среќава и кај осомничен за некое кривично дело кога ќе му се соопшти дека постои сведок кој видел што направил осомничениот.

Нишање напред-назад

Ова однесување кое се повторува помага да се избориме со стресот. Резервирано е за екстремно стресни ситуации и грозни вести или кога сме сведоци на некој лош настан. Може да се примети и кај деца и кај возрасни.

Завиткана положба на телото

Кога физички не се чувствуваме добро или ако чуеме нешто за да доживееме болка, регистерот на болка кој се наоѓа во мозокот праќа ваков одговор.

Затоа често гледаме како возрасните се виткаат во положба на фетус, кога имаат болка во стомакот или кога регистрираат нешто застрашувачко.

Вкрстување (преплетување) на прстите од рацете

Ова однесување е карактеристично за луѓе кои се поради нешто вознемирени или растроени. Тоа може да се случи кога се открива некоја нова информација за себе, или кога ќе се чуе некоја трагична вест или кога се има борба со некоја потешкотија. Обично паровите кога се разделуваат често ги преплетуваат прстите. Децата често го прават ова кога ќе направат нешто лошо. Постојат и лица на кои оваа гестикулација им  е потполно рутинска работа.

Вовлекување и гризење на усни

Ова однесување обично го среќаваме кај политичарите или спортистите кога се обраќаат кон јавноста. Позната е оваа гестикулација и кај патниците кога ќе им се соопшти дека им е откажан летот. Екстремен случај на ова однесување е цицањето на усните кое покажува дека некој поради нешто се кае и дека му е жал.

{loadposition content9}