Skip to main content

Чудни знаци кои укажуваат на појава на болести

Знаците на телото можат да укажат на потенцијални болести

 |  инфодеск  | 

Не ви треба кристална топка за да го предвидите своето здравје во иднина – доволни ви се петте сетила. Свесно или несвесно, многу здравствени состојби и болести почнуваат со телесни промени кои можеме и сами да ги приметиме дури и многу порано откако ќе се појави болеста, а тоа пак може правовремено да не упати да спречиме потенцијално поголеми проблеми.

Еве телото што може да сигнализира:

Проверете го сетилото за мирис

Истражувањата покажуваат дека слабеењето на чувството за мирис може да биде знак кој укажува на појава на Алцхајмерова болест. Промените се јавуваат на нервните ќелии во носот кои се поврзани со одредени делови во мозокот, а кои се поврзани со таа болест.

Проверете ги ноктите на прстите

Здравите нокти се рамни, без здебелувања и имаат здрава розева боја. Меѓутоа, ако приметите црвенило под ноктите и здебелување, тоа би бил знак за лупус. Станува збор за аутоимуна болест која напаѓа здраво ткиво. Еден од раните симптоми може да биде и благо отекување на кожата околу ноктите.

Проверете ја косата

Кога тироидната жлезда не работи како што треба тогаш тоа влијае на хормоните во телото, вклучувајќи ги и оние со раст на косата. Ако приметите дека косата нагло ви опаѓа, се појавуваат влакна на челото, или ако косата нагло се суши, постои можност дека тироидната жлезда е во нерамнотежа. Понекогаш можат да се видат промени и на веѓите кои стануваат поретки.

Проверете го својот одраз во огледало

Погледнете се и признајте – дали изгледате постаро од својата реална старост. Истражувањата на данските научници покажале дека луѓето кои изгледаат постаро имаат поголем ризик од срцеви болести. Ако приметите дека брчките брзо се собираат и дека губите коса, веднаш да се обратите до својот доктор за преглед на срцето и крвните садови.

Проверете го здивот

Ако имате лош здив, тоа првенствено може да биде поради лоша орална хигиена и расипани заби. Но, исто така може да биде знак за еректална дисфункција. Ако сте маж кој редовно одржува орална хигиена а сепак има лош здив, секако посетете го докторот и извршете потребни прегледи.

Проверете ги очите

Едно истражување покажало дека луѓето над 38 години кои имале проширени крвни ќелии во очите имаат помал степен на интелегенција. Со време нивните когнитивни функции опаѓаат и тоа може да укажува на деменција. Ако приметите дека очите ви се често црвени, појдете на детален преглед кај лекар.