Skip to main content

Решена мистерија по 50 години

Сензационално откритие за научниците

 |  инфодеск  | 

Мистериозниот звук сличен на ономатопеја на патка во близина на Антарктикот ги носело во конфузија научниците повеќе од 50 години. Најновото истражување објавено во часописот Biology Letters ја решава мистеријата.

Екипажите на подморниците прв пат овој звук го чуле во серија на пулсирачки тонови на почеток од 60-тите години. Со оглед дека звукот бил во правилни раздалечености на повторување од 3,1 секунда , отпрвин мислеле дека ги создава човек, односно дека доаѓале од друга подморница.

Некои научници подоцна сугерирале дека тој звук го создава некоја риба, но ги збунувало тоа што тоновите биле многу високи, изјавила Денис Риш, експерт по поморска биологија од  научниот центар во Масачусетс.

Американскиот биолог Риш и нејзината екипа со години ги собирале снимките од подморето и ги ги анализирале. На крајот успеале да откријат дека необичните звуци ги произведува џуџестиот кит. Звуците се јавувале сезонски и можеле да се чујат во Источното Веделско море во близина на Антарктикот, рекла Риш за Live Science.

Напредокот во истражувањето го постигнале со ставање на уреди за следење на два џуџести кита за да го пратат нивното однесување и движење. Уредите имале и микрофони.

Кога ги преслушале снимките сфатиле дека ја одгонетнале мистеријата. Тие и понатаму продолжуваат со работата со цел да откријат дали овие звуци ги создаваат мажјаците или женските китови.

{loadposition content9}