Skip to main content

Ноќен сензор кој го “запали”интернет

Проект кој ги поттикна инвеститорите на kickstarter

 |  инфодеск  | 

“Sense”, системот кој овозможува анализа на квалитетот на сонот, дишењето, па дури и на квалитетот на воздухот во собата каде што спиете, ги поттикна инвеститорите на интернет страницата kickstarter да земат учество во партиципирање на финансирање на тој проект.

Само во два дена откако е стартувана акцијата за собирање на средства, повеќе од 3000 лица веќе ставиле рака во својот паричник, објавено е во списанието Le Parisien. Моментално ги има повеќе од 5.000.

За проектот веќе стигнале и ветувања за донации во вредност од 600.000 долари, со што во огромна мерка се надминати првите очекувања дека за 30 дена ќе бидат собрани 100.000 долари, пренесуваат француските медиуми.

Причината за тоа е пред се што инвеститорите му веруваат на 22 годишниот James Praud, кој добил стипендија “Theil” од 100.000 долари за развој на својата идеја.

Важноста на овој детектор на честички е посебно истакната на интернет страницата на kickstarter посветена на тој производ, со предупредување дека концентрацијата на прав може да доведе до алергиски ринитис и да влијае на квалитетот на сонот.

{loadposition content9}