Skip to main content

Рузмаринот ја подобрува меморијата и до 75%

Растение со традиција и моќ, кое се користи со векови

 |  инфодеск  | 

Рузмаринот е исклучително корисен во кујната и во медицината, но научниците откриваат и специфични карактеристики поврзани со меморијата, и тоа со извонредни резултати.

Рузмаринот се поврзува со доброто помнење уште од многу одамна. Во Шекспировиот Хамлет, Офелија вели: “There’s rosemary, that’s for remembrance”. Поради симболиката, рузмаринот станал своеврсна амајлија, па го ставале и под перница, бидејќи се верувало дека штити од ноќни кошмари.

Она што е фасцинантно е дека научните истражувања откриле извонредни резултати во врска со рузмаринот поврзани со помнењето.

Истражувањето спроведено во 2012 година на 28 постари лица (просек 75 години) докажало подобрување на когнитивните перфоманси зависно од количината на конзумирање на рузмаринот. Mark Moss и неговиот тим откриле подобрување на меморијата до неверојатни 75% само од мирисање на етеричното масло од рузмарин. Се прашуваме како е можно мирисањето да ја подобри меморијата? Цитат на еден научен труд тоа го објаснува: “Испарувањето (на пр. Терпенот) може да влезе во крвотокот по пат на носната слузокожа или градниот кош. Терпените се мали органски молекули кои лесно можат да ја поминат крвно-мозочната бариера и да влијаат директно на мозокот со делување на рецепторите или ензимските состави. Терпентините се примарни компоненти на етеричните масла и често се со силен мирис и одговорни за разноличната низа на природни ароми.

Секако дека не мора де се чека старост за да се зајакне меморијата со користење на ова растение кое го има насекаде. 

{loadposition content9}