Skip to main content

Дали го знаевте ова за вашите машини за перење

Во машините за перење секогаш останува малку вода која…

 |  инфодеск  | 

Машините за перење, доколку не се користат правилно, можат да бидат магнети за бактериите, порачуваат германски експерти. Во нив секогаш останува малку вода по перењето што може да биде потенцијално опасно.

Откако ќе се извадат испраните алишта од машината, многу корисници ја затвораат вратата и садот за дозирање на детергент, а тоа е погрешно.

“Во машините за перење на алишта секогаш останува малку вода”, објаснува Claudia Oberascher од информативниот портал Hausgeraete+, и додава – каде што има влага тоа се добри услови за раст на микробите. Затоа се препорачува вратата од машината за перење на алишта и садот каде се става детергент да се оставаат отворени за да испари водата која останува внатре.

Таа додава дека е корисно и да се извади садот каде се става детергент, за да се провери каналот за вода кој се наоѓа зад него.

“Супстанциите од кои се произвдува детергентот се биоразградливи што ги чини добар извор на храна за бактерии и мувла. Тие можат да создадат траги и црни дамки на алиштата”, вели Bernd Glassl од германското здружение за козметичарски и санитарни производи.

{loadposition content9}