Skip to main content

Протекоа информации од црните кутии

Тајната се открива за вистинските вистинските причини за падот

 |  инфодеск  | 

Иако Русија и понатаму ја одбива одговорноста за рушењето на малезискиот авион над Украина, европските официјални лица тврдат дека податоците од црните кутии покажуваат дека авионот го погодил проектил, пренесува CBS News.

Имено, податоците забележани во црните кутии упатуваат на голема експлозивна декомпресија, а трупот на авионот е погоден со проектил по кој следела експлозија, за што сведочат и фотографиите од остатоците на авионот.

Проектилот најверојатно експлодирал на десната страна од авионот, а шрапнели го пробиле трупот и излегле на левата страна.

Станува збор за први неслужбени податоци за црните кутии, кои се на детална анализа во Лондон.

Американските официјални лица тврдат дека за рушењето на авионот, кој носел 298 лица, се виновни проруските сепаратисти, кои најверојатно мислеле дека се работи за украински авион.

На местото на несреќата избија нови судири така што посетата на австралиските и холандските полициски официјални лица, кои имаа намера да го осигураат теренот додека се собираат докази, е одложена за неодредено време.

{loadposition content9}