Skip to main content

Што содржат бананите со темни дамки

Што се случува ако јадете банани со темни дамки

 |  инфодеск  | 

Потполно зрела банана произведува супстанца наречена TNF (Tumor Necrosis Factor) која има способност за борба против клетките кои се однесуваат невообичаено, односно клетките на тумор.

Истражувањето го спровеле јапонските научници кои дошле до заклучок дека бананата со темни дамки е осум пати поздрава од зелените банани или друго овошје, пишува Amazing stories around the world. Во споредба со грозјето, јаболкото, лубеницата, ананасот и крушата, бананите содржат најмногу антиканцерогени супстанци.

Како што созрева бананата, развива темни дамки на себе. Што повеќе дамки, тоа е побогата со клетки кои развиваат имунитет. Во таа фаза на зреење, бананата е најдобра за варењето бидејќи шеќерот од бананата тогаш најдобро се апсорбира, за разлика од помалку зрелите стадиуми на бананата кога е потешка за варење бидејќи скробот сеуште не се претворил во шеќер. 

{loadposition content9}