Skip to main content

Попис на најбарани професии во европските земји

Во Германија има недостаток од 5000 лекари

 |  инфодеск  | 

Додека одењето во странство на некои е дел од професионален и личен развој, голем дел од емигрантите се водат од економски причини.

Еве кои професии се бараат во некои од европските земји:

Австрија – медицински сестри (хирургија, психијатрија, педијатрија), инженери (греење, вентилација, електрика, градежништво), ИТ сектор.

Белгија – медицински сестри (геријатрија, брза помош), физиотерапевти, ИТ сектор, градежништво, готвачи.

Чешка – ИТ сектор, градежништво и инженери

Данска – медицински сестри, лекари, стоматолози, книговодители, градежни инженери и техничари, електроинженери, психолози.

Финска – медицински сестри, лекари, стоматолози, фармацевти, физиотерапевти, психолози, книговодители.

Франција – Машински и електро инженери, ИТ сектор, книговодители.

Италија – Готвачи, медицински сестри

Холандија – медицински сестри (геријатрија, брза помош)

Норвешка – медицински сестри, лекари, стоматолози, фармацевти, радиолози, книговодители, градежни инженери и техничари, електро инженери, инженери по рударство, инженери по хемија, ИТ сектор, психолози, готвачи.

Германија – медицински сестри (геријатрија), лекари (недостасуваат 5.000 лекари), инженери (автоиндустрија), ИТ сектор.

Словачка – медицински сестри, лекари, електричари, ИТ сектор, градежништво.

Словенија – медицински сестри, лекари, машинисти, електричари, ИТ сектор, фармацевти.

Шпанија – машински инженери

Шведска – медицински сестри, лекари стоматолози, фармацевти, книговодители, градежни инженери и техничари,електро инженери, ИТ сектор, психолози, машинисти.

Швајцарија – медицински сестри, лекари, машинисти, електричари, градежни инженери и техничари.

Велика Британија – медицински сестри (неонатологија, инструменталки, психијатрија), лекари (гинеколози, педијатри, хематолози, форензични психијатри), ИТ сектор, инженери по хемија и рударство, готвачи, градежни инженери и техничари, електро инженери, радиолози, машинисти.

{loadposition content9}