Skip to main content

Еве кој може да предвиди нова економска криза

Сите информации потребни за анализа ги има пребарувачот Google

 |  инфодеск  | 

Идните големи економски кризи и берзански крахови е можно да се предвидат многу порано, тврдат британските научници, а сите информации кои се потребни за анализа и предвидување ги има, секако, Google.

Научниците од Warwick Business School проучувале термини на пребарување на Google помеѓу 2004 и 2012 година и развиле алгоритам кој може да анализира големи количини на пребарувања и да ги идентификува, односно да ги предвиди трендовите во многу сектори, од прехрана, преку архитектура и спорт, па до економија.

“Пребарувачите како Google помнат се што бараме”, рекол за Daily Mail еден од членовите на научниот тим кој работел на ова истражување, Chester Curme, и додал дека тие информации помагаат во разбирањето на начинот на кој луѓето собираат информации на интернет, “пред да донесат одлука во реалниот свет”.

Со оглед на тоа дека постојат голем број на работи кои луѓето ги пребаруваат на интернет, изнимно важно е да се препознаат зборовите кои ќе се искористат за предвидувањето. Алгоритмот кој го развиле автоматски ги идентификувал клучните зборови за предвидување на важни случувања. (на пр. Клучни зборови за бизнис теми се работа, управување, банки и слично), а научниците анализирале колку често луѓето ги пребарувале овие зборови во периодот од 2004 до 2012 година и се покажало дека зачестеноста на вакви зборови, поврзани со бизнис и политика, може да се поврзат со активностите на берзите.

“Со анализа на тие податоци успеавме да идентификуваме поврзаност помеѓу растот на пребарувања на такви поими и падот на цените на акциите на берзите”, коментирала професорката Suzy Moat.

{loadposition content9}