Skip to main content

Чудотворна метода за подмладување

Метода со помош на коцкa мраз

 |  инфодеск  | 

Feng Fu во кинеската акупунктура е името за местото на тилот помеѓу тетивите во пределот на вратот, односно дупката каде се соединуваат главата и вратот.

Ако редовно ставате коцка мраз на ова место, Кинезите тврдат дека организмот се подмладува, болестите исчезнуваат а вие сте порасположени и полни со енергија.

Методата се состои во тоа што ќе ставите една коцка мраз, која ќе ја фиксирате со завој или некоја крпа, ќе ја ставите на местото Feng Fu и ќе ја држите 20 минути. Доколку ова го правите редовно, со паузи од 2-3 дена, наутро и навечер, ќе заборавите на настинки, главоболки и останати тегоби.

На почетокот чувството на ладно ќе биде присутно, но за 30-40 секунди се чувствува топлина на точката на делување. Првите неколку дена ќе имате чувство на еуфорија поради ослободување на ендорфин во крвотокот.

Со оваа метода се постигнува подобрување на квалитетот на спиење, се подобрува расположението, се поттикнува гастроинтестиналниот тракт, се избегнуваат настинки, исчезнуваат главоболките, забоболките и болките во зглобовите.

Оваа метода не лечи туку го враќа физиолошкиот баланс, го подмладува телото и на организмот му дава посилен животен импулс.

Методата треба да се избегнува за време на бременост, ако се има песмејкер во организмот, епилепсија или шизофренија.

Во кинеската медицина телото се гледа како енергетски систем, така што со акупунктурата и масажите можат да влијаат на текот на енергијата и функционалноста на органите.

{loadposition content9}