Skip to main content

Најсреќен човек на светот

Два пати по милион за три месеца 

 |  инфодеск  | 

Robert Hamilton од Индијанополис би можел да ја понесе титулата најсреќен Американец бидејќи за три месеци добил два пати на лото по милион долари.

Официјалните лица на лотаријата на Индијана соопштиле дека Hamilton освоил еден милион долари, но тој истата сума веќе ја добил на лото во април, пренесува FoxNews.

Среќниот добитник рекол дека првиот милион ќе го искористи за плаќање на сите финансиски обврски, ќе купи куќа за себеси и за жената, ќе оди на одмор и ќе вложи во некој бизнис.

Дел од втората добивка на лото ќе го искористи да купи мотор, изјавил Hamilton.

{loadposition content9}