Skip to main content

Повторно инциденти на протестите во Фергусон

Во Фергусон уапсени 47 лица поради нереди

 |  инфодеск  | 

Полицијата соопштила дека уапсила 47 лица за време на протестите во градот Фергусон, САД, кој го тресе насилие поради неодамнешното убиство на црниот тинејџер Мајкл Браун.

Портпаролот на полицијата Рон Џексон рекол дека демонстрантите ноќеска фрлале шишиња полни со вода и урина на полицијата, поради што тие интервенирале. Тој рекол дека инцидентот се случил на самиот крај на ноќешните протести, кои пред тоа биле мирни, пренесува агенцијата AFP. Џонсон додал и дека полицијата запленила и три парчиња оружје и дека за разлика од протестите одржани во понеделникот навечер, демонстрантите не пукале од оружје и дека полицијата не употребила солзавци за да ги растера.

“Ноќеска видовме поинаква динамика”, рекол Џонсон.

Претходните денови протестите беа пропратени со нереди, грабежи, а поединци фрлале камења на полицијата која пак одговори со солзавци.

Американскиот државен обвинител Ерик Холдер ќе го посети денес Фергусон, каде е подигната федерална истрага за евентуално кршење на човековите права во убиството на 18 годишниот Браун.

Фамилијата на Браун бара да му се суди за убиство на полицаецот Дарен Вилсон. Вилсон, спрема форензичарите, пукал најмалку шест пати во Браун, вклучувајќи и два истрели во главата.

Фамилијата на убиениот тинејџер се припрема за погреб кој ќе се одржи во понеделник, соопштиле адвокатите на фамилијата Браун.

{loadposition content9}