Skip to main content

Зошто астронаутите спијат лошо во вселената

На бројните опасности се придодаде нов проблем

 |  инфодеск  | 

На бројните опасности на работното место во вселената, сега како нов проблем се придодаде и недостатокот на сон.

Астронаутите не спијат доволно пред мисијата во вселената, објавиле научниците во студијата објавена во часописот Lancet Neurology.

Истражувачкиот тим утврдил дека астронаутите спијат помалку од шест часа, ноќ пред лансирањето, а на меѓународната вселенска станица (ISS) во просек сонот им трае шест часа и пет минути.

Американската вселенска агенција NASA на своите астронаути им препорачува спиење од осум часа во вселената. Оваа разлика покажува дека астронаутите страдаат од сериозен недостаток на сон кој може да им го загрози животот.

Експертите од Харвард ги анализирале податоците за спиењето на 64 астронаути кои биле во орбитата. Дури три четвртини од испрашаните астронаути користеле таблети за спиење за време на мисиите, што би можело да ја доведе во прашање нивната ефикасност во извршувањето на задачите.

И додека астронаутите на почетокот се жалеле дека не можат да спијат поради премногу светло и бучава, на тоа не можат да се пожалат модерните вселенски патници кои имаат мрачни комори за спиење на ISS. Тоа некои научници ги навело да дојдат до заклучок дека причина за лошиот сон е микрогравитацијата, посебно што е утврдено дека по враќањето на Земјата тие спијат како бебиња.  

{loadposition content9}