Skip to main content

“u0418u0441u043bu0430u043cu0441u043au0430u0442u0430 u0434u0440u0436u0430u0432u0430 (ISIL) u0441u0435 u043fu043eu043bu043eu0448u0438 u043eu0434 u0442u0435u0440u043eu0440u0438u0441u0442u0438”

Милитантите на Исламската држава (ISIL) поседуваат рафинираност, богатство и воена моќ 

 |  инфодеск  | 

“Тие претставуваат непосредна закана на секој интерес кој го имаме, во Ирак или било каде во светот”, рекол министерот за одбрана на САД, Chuk Hagel, на новинарите во Пентагон говорејќи за милитантната група која освои една третина од Ирак и ја објави снимката која покажува како екстремист екзекутира американски заложник.

Запрашан дали Исламската држава претставува закана за САД споредена со онаа од 11 септември 2001 година, Hagel рекол дека групата е рафинирана и е подобро финансирана од било која друга група која досега се појавила.

Генералот Martin Dempsey, началник на главниот штаб на американската војска, рекол дека групата може да претставува закана на западните земји преку враќањето на Европјани или американски државјани во нивните земји по борбите во Сирија или Ирак.

Американските воздухоплови во четвртокот повторно ги бомбардираа целите на милитантната исламска држава во северен Ирак и покрај заканите на терористичката група дека ќе го убие заробениот американски новинар. Американската војска извела шест воздушни напади во близина на мосулската брана против оваа група која се одвои од Ал Каеда, рекло министерството за одбрана.

Американските воздушни напади го успорија напредувањето на Исламската држава во Ирак, но САД очекува дека тие ќе се прегрупираат и ќе започнат нова офанзива, рекол Hagel. Тој додал дека американските воени напади ќе продолжат – “Ја следиме долгорочната стратегија, бидејќи ISIL (Исламска држава) претставува долгорочна закана”.

Hagel на прес конференцијата рекол и дека жали што не успеала тајната акција за спасување на новинарот James Foley и на уште еден новинар и ветил дека нема да попушти во напорите тие да се ослободат.

Радикалната исламистичка група се закани дека ќе го убие и вториот американски новинар Steven Joel Sotloft ако претседателот Обама не ги запре воздушните напади. Обама во средата вети дека САД ќе продолжи со напади на Исламската држава.

{loadposition content9}