Skip to main content

Зошто овие работи да не ги споделувате на Facebook

Бидете на Facebook но некои работи е попаметно да останат скриени

 |  инфодеск  | 

На оваа популарна социјална мрежа корисниците објавуваат голем број на интимни информации за приватниот живот и парадоксално е тоа што истите тие податоци никогаш толку лесно не се споделуваат со реални познаници, иако Facebook овозможува да се контролира профилот преку опциите за приватност. Затоа ви пренесуваме што е пожелно да не го правите во врска со вашиот профил, бидејќи подобро е да се спречи отколку да се лечи.

-Датуми на раѓање на вас и вашите блиски – Многумина сакаат на Facebook да проверат колку роденденски нотификации добил. Притоа забораваме дека токму датумот на раѓање е една од работите со кои хакерите доаѓаат до туѓи идентитети. Ако веќе сакате ова да го правите, не ставајте ја барем годината на раѓање.

-Сам/а или во врска – Не помислувајте на тоа дека околу вас нема психопати. Со објавувањето на “relationship status” им обзнанувате на психопатите дека станувате нивна мета. Може понекогаш да се обистинат сцените од филмовите и затоа внимателно и со оваа опција.

-Вашата моментална локација – Опцијата “check in” стана најпопуларна работа на Facebook, меѓутоа забораваме дека со фалењето во која земја се наоѓате, или на кое море летувате, им давате драгоцена информација на арамиите, а тоа е дека моментално не сте дома. Уште ако објавите колку останувате таму, им ја олеснувате работата добро да го испланираат времето потребно за недело. Уживајте додека сте на одмор а на пријателите можете да им се пофалите и подоцна кога ќе се вратите.

-Фактот дека тинејџерите се сами дома – Често тинејџерите објавуваат дека родителите заминале некаде и дека станот или куќата се слободни за младешки активности. Иако мислите дека тоа ќе го видат само пријателите, сепак помислите дека некој профил е хакиран и оваа информација ќе ја дознае непознато лице. Сепак подобро е на пријателите да им се јавите на телефон за ваква информација.

-Фотографии на вашите деца на која се означени нивните имиња и лични податоци – Веројатно нема родител кој не би го заштитил своето дете. Но, со ставањето на фотографии каде е означено името и податоците на детето , всушност го прават обратното. Со објавувањето на податоци за детето, неретко се означуваат и пријатели и поширока фамилија. Бидете внимателни дека овие податоци би можеле да дојдат и до несакани воајери. Ако веќе ставате нивни фотографии, елиминирајте ги сите нивни лични податоци.

{loadposition content9}