Skip to main content

Не требаше да се види ова што се случува

Научниците говорат за шокантното откритие

 |  инфодеск  | 

Новото истражување на центарот за вселенски летови Goddard на NASA,  покажало дека големи количини на хемикалии се одговорни за уништувањена озонската обвивка кои и понатаму се ослободуваат во атмосферата и покрај меѓународните забрани.

Новите мерења покажале дека и покрај протоколот од Монтреал, кој ја ограничува употребата на низата на хемикалии кои го уништуваат озонот, емисијата на јаглерод тетрахлорид (CCI4) и понатаму продолжува. Спрема договорениот протокол тие емисии би требало да изнесуваат нула, но мерењата на NASA покажале дека на годишно ниво во атмосферата се исфрлаат 39 килотони на јаглерод тетрахлорид, пренесува Huffington Post.

Преведено во проценти во однос пред забраната, станува збор за граница од 30% емисии пред договорот од Монтреал кој би требало да е 0%.

“Не би требало да видиме дека тоа воопшто се случува. Сега е јасно дека постојат непознати индустриски капацитети, или емисии од контаминирани подрачја, или некои непознат извор на CCI4”, истакнал Quing Liang, атмосферски научник.

Озонската обвивка во стратосферата ги штити сите живи суштества на Земјата од штетното ултравиолетово зрачење на сонцето, додека хемикалиите кои се штетни за обвивката прават дупка во неа над Антарктикот. Тоа пореметување научниците го забележаа за прв пат во 1985 година.

Иако работите се подобрија по потпишувањето на споменатиот протокол, озонската дупка постои и ден денес.Спрема проценките на NOAA, ако емисијата на штетни хемикалии се оневозможи тогаш обвивката во потполност може да се опорави.

{loadposition content9}