Skip to main content

Еве сега кои се сопственици на социјалистичкиот гигант Горење

Странци го превземаа Горење

 |  инфодеск  | 

И Горење, последниот словенечки социјалистички гигант, не е повеќе словенечки.  По три извршени докапитализации, искажани низ вкупната вредност од 36,6 милиони евра и реализирани во последните 18 месеци, сега 51,9% на сопственичкиот удел во Горење го држат странци.

Во фабриката во Велење, која подолго од половина век произведува апарати за домаќинство, поединечно најголем удел зад кој стои странски капитал имаат Меѓународната финансиска корпорација IFC со 11,8% и јапонската групација Panasonic со 9,5% која при крајот на 2012 година инвестираше во Горење 10 милиони евра. Другите се помали инвеститори кои заедно со овие две достигнуваат удел од 51,9%

Имено, во извештајот за работењето за првите шест месеци од годинава, објавен е податок дека капиталот изнесува 101,9 милиони евра. Отстварен е приход во висина од 601 милион евра, што е во споредба со истиот период лани, раст од 1,8%, а нето добивката изнесувала 3,1 милиони евра.

Со оглед дека лани на полугодието Горење искажал загуба од 7,8 милиони евра, оваа година засега донесла позитивни трендови.

Словенците со години се борат против предизвиците за приватизација, задржувајќи ги под државна капа најголемите компании. Најдобра илустрација за одбивност на странци е поврзана со Меркатор кој станува дел од Агрокор. Во меѓувреме од лепезата на некогашни стопански гиганти, во рацете на странци отидоа Фруктал во рацете на српски Нектар и Дрога во рацете на хрватската Атлантик група.

Европската комисија овие денови инсистира на стечај во Елан поради незаконска поддршка, а новиот премиер, Миро Церар, го чекаат 15 компании во државна сопственост чија приватизација накратко ја стопираа неодамнешните избори во Словенија.

{loadposition content9}