Skip to main content

Тинејџер настрада од “ледениот предизвик”

Полицијата се сомнева дека причината е интернетското лудило со поливање на ладна вода

 |  инфодеск  | 

Неговото тело го пронашла полицијата, а се сомнева дека причина за неговата смрт е најновото лудило на интернет поради кое луѓето по цел свет се поливаат со ледена вода, пишува MailOnline.

Камерон Ланксатер (18) од Шкотска загинал при учеството во “ледениот предизвик” и од карпа скокнал во вештачкото езеро каj каменоломот Preston Quarry кое е популарна локација за таканаречениот “tombstoning”, односно скокање од карпа во плитка вода.

Сведоци велат дека младите и пред тоа скокале од тие карпи, но во последно време тоа премногу зачестило. Еден од сведоците кој живее во близина на местото на несреќата, рекол дека тинејџерот скокнал токму поради ледениот предизвик и дека видел видео кој е снимен минатата недела кога едно момче, поради истата причина, скокнал од карпата.

{loadposition content9}