Skip to main content

Оваа зима Европа ќе се смрзнува?

Конфликтот помеѓу Москва и Заапдот веројатно ќе расте

 |  инфодеск  | 

Украинскиот премиер, Арсениј Јацењук изјавил дека Киев знае дека Русија планира да го запре доставувањето на гас кон Европа за време на престојната зима, а оваа изјава дополнително ќе го зајакне конфликтот помеѓу Москва и Западот.

Русија го запре доставувањето на гас кон Украина во јуни поради несогласувањето околу цената, но продолжи да доставува кон својот најголем пазар – Европа.

“Состојбата во украинскиот енергетски сектор е тешка. Знаеме за руските планови за блокирање на транзитот на гас дури и кон земјите на Европската унија за време на престоечката зима”, рекол премиерот на Украина, не откривајќи од каде му се тие сознанија.

Минатата година половина од рускиот гас кој се извезува во ЕУ поминуваше низ Украина. Рускиот извозник Гаспром засега одбил да ја коментира изјавата на Јацењук, а министерството за енергетика не било достапно за коментар.

Руската достава на гас во Европа преку Украина била прекинувана и зимата во 2006 и 2009 година поради несогласувања помеѓу Русија и Украина, а причината секогаш била цената.

{loadposition content9}