Skip to main content

“Најголема измама во земјоделскиот сектор”

Спречен е обид за пласман на фалсификувано вино на пазарите во светот

 |  инфодеск  | 

Познат експерт за вина го продал локалното вино со полош квалитет на производител задолжен за зреење и продажба на Brunello di Montalcino, известила финансиската полиција во Сиена.

Производителите на едно од најценетите и најскапи вина од Тосканија, Brunello di Montalcino, од околината на тосканското место Montalcino, биле фрапирани кога полицијата во Сиена им соопштила дека спречила обид за понуда на пазарот од 220.000 фасификувани шишиња од ова наградувано црно вино.

 “Станува збор за најголема измама во прехранбениот и земјоделскиот сектор”, рекол шефот на полицијата Luca Albertario.

Кога е откриена измамата виното сеуште се наоѓало во бочвите за зреење, но ако не било така, оригиналните шишиња од Brunello di Montalcino ќе пристигнеа на масите на бројни ресторани во светот.

Вредноста, на околу 160.000 шишиња фалсификувано вино од Brunello di Montalcino, да се најдеше на пазарот, би можела да достигне износ од 5 милиони евра.

Засега е покрената истрага само против познатиот енолог, а конзорциумот Brunello di Montalcino и покраината Тоскана ќе покренат тужба против него.

{loadposition content9}